ММА

Опериран носот на Шара Магомедов

На Шарабутдин Магомедов брутално му беше скршен носот во последната борба.

Ѕвездата од Дагестан се бореше со Марк-Андре Барио на гала вечерта на УФЦ во Абу Даби. Во втората рунда Барио зададе силен удар со десницата во носот на Магомедов, кој се затетерави, но остана на нозе. По овој удар, носот на Магомедов се скрши во стилот на Мајк Пери. Ова не го спречи Магомедов да продолжи да се бори напорно и да излезе како победник со одлука на судиите.

По борбата Шара Магомедов беше однесен во болница, каде што беше подложен на операција на носот. Носот му е во ред и сега ќе се посвети на закрепнување. Очекувано, борбата со Барио беше избрана за „Борба на вечерта“, што донесе бонус од 50.000 долари за двајцата борци. Ова е 4-ти бонус за Магомедов во неговите 6 УФЦ борби.

Во борбата со Барио уште еднаш покажа дека во моментов е меѓу најатрактивните борци во УФЦ. Сè уште не е познато кога и против кого ќе го видиме Магомедов. Тој речиси сигурно ќе се бори на следната гала-вечер на УФЦ во Абу Даби, која е закажана за октомври.

 

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON