Идниот викенд, 29 јуни, во Кочани ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“.
Бидејќи турнирот се одржува пред Олимписките игри во Париз, тоа е добра прилика за проверка на подготвенста на учесниците на Олимпијадата.
Како што дознаваме, на овогодишното издание на „Македонскиот бисер“ ќе настапат борачи од повеќе држави, а меѓу нив има олимписки, светски и европски шампиони.
Освен тоа, ќе настапат и најдобрите македонски борачи.