АктуелноДомашна сценаКарате

Олимпик спорт со најмногу места во карате репрезентацијата за Европското првенство за сениори

По одржувањето на Државното првенство во карате за сениори (4 април, сабота) кое беше и изборно за состав на репрезентацијата на Македонија во кати и во борби за Европското првенство во Франкфурт, Германија, 20-24 мај, од Карате клубот Олимпик спорт изразуваат задоволство бидејќи четворица каратисти обезбедија место во националниот состав во борби.

Олимпик во вкупниот пласман е втор со освоени 7 медали – 4 златни и 3 сребрени.

Место во репрезентацијата во борби обезбедија: Ива Пецевска-50 кг, Михаела Мишовска-55 кг, Вероника Костовска-61 кг и Матеј Белистојански – 67 кг.

Најголеми се очекувањата од Матеј Белистојаноски.

„Како и на секое големо натпреварување очекувам да го понесат товарот и да ја израдуваат македонската спортска јавност со добар резултат, односно да се освои медал кој ќе ни значи многу и ќе докаже дека овој тим работи и овие натпреварувачи се иднината на македонското карате“, вели тренерот на Олимпик спорт и селектор на репрезентацијата Александар Кузмановски и нагласува:

„Секако, најдраг би ни бил златниот медал и нашето знаме да биде на највисокото место каде што и заслужува и да се свири нашата химна“.

Тој истакнува дека како клуб се подготвуваат веќе подолго време и заедно со другите натпреварувачи од другите клубови кои се пласираа за ова Европско првенство ги чекаат подготовки и настап.

„Со нетрпение очекуваме учество на ова најголемо натпреварување оваа година и со право очекуваме медал, зашто во тимот се дел од искусни и млади натпреварувачи составени од златната од Цирих, Вероника Костовска, носителка на медали од Серија А, Ива Пецевска освојувач на балкански медали, сребрената од Задар Михаела Мишовска, како и Матеј Белистојански, кој беше златен на последното ЕП за помлади сениори во Лимасол. А можеше да биде и носителот на единствениот олимписки младински медал за Македонија од Буенос Аирес од 2018 година, Фаик Весели. Но, за жал, загуби во последната секунда. Би рекле на нелогична видео одлука, прв поен кој тој го направи. Со тоа, со овие четворица натпреварувачи Олимпик ќе има најмногу претставници на ова Европско првенство“, вели Кузмановски.

Тренерот Кристијан Младеновски и Кузмановски, кој е и селектор на македонската репрезентација во борби, посакуваат, како и досега, да ја радуваат јавност и да испишуваат нови моменти за карате историјата и спортот во Македонија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON