Во раните утрински официјално се затворија Летните олимписки игри во Рио, а олимпиското знаме беше предадено на Токио, кој ќе биде домаќин на следното издание на Игрите во 2020 година. Токио 2020 година е голема надеж за Македонија, бидејќи и каратето стана дел од олимпиското семејство.
Градоначалникот на Рио де Жанеиро Едуардо Паеш му го врати знамето на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кој го предаде на гувернерот на Токио Јурико Коике. Церемонијата на предавањето на знамето го симболизира крајот на Олимпијадата во Рио и транзицијата до 2020 година. Јапонија, следната земја домаќин, за време на церемонијата прикажа дека од она што ќе следува во Токио, модерни технологии измешани со традиционални вредности. Јапонскиот премиер Шинзо Абе, исто така, пристигна на „Маракана“ како „Супер Марио“, ликот од познатата истоимена видео игра.
Привремениот претседател на Бразил Мишел Темер не присустуваше на церемонијата и локалните медиуми претпоставуваат дека го направил тоа за да не биде исвиркан. Токио, пак, вети дека ќе промовира транспарентност и ќе стави крај на олимписките скандали и контроверзи.Следниот град домаќин сега ќе се фокусира на изградба на нови спортски објекти и инфраструктура, како нови булевари, облакодери, хотели и трговски центри, со што јапонската престолнина ќе добие уште помодерен изглед.
Американците со златниот медал во кошарка го добија своето 46 злато, така што тие се најсилната спортска нација со 121 медала (46-37-38).
Велика Британија за првпат во историјата има повеќе златни медали од Кина (27-26), иако Кинезите имаат три повеќе.
Русија има повеќе од солидни 56 медали (19 златни), без целиот атлетски тим кој беше исфрлен од Игрите, и со уште многу суспендирани. Топ 5 нациите ги комплетираат Германците со дури 42 медали, од кои 17 златни.
Од земјите од поранешна Југославија, Хрватите се убедливо најдобри со 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали, Србија има 2 злата, 4 сребра и 2 бронзи, Словенија останува со едно злато, две сребра и една бронза, додека Косово стигна до првото злато во првиот настап на Олимпијадите.
Без медали дома си одат Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Број на освоени Медали, Рио 2016
1.САД 46 – 37 – 38 121
2.Велика Британија 27 – 23 – 17 67
3.Кина 26 -18 – 26 70
4.Русија 19 – 18 -19 56
5.Германија 17 – 10 – 15 42
6.Јапонија 12 – 8 – 21 41
7.Франција 10 – 18 – 14 42
8.Јужна Кореја 9 – 3 – 9 21
9.Италија 8 – 12 – 8 28
10.Австралија 8 – 11 – 10 29
11.Холандија 8 – 7 – 4 19
12.Унгарија 8 – 3 – 4 15
13.Бразил 7 – 6 – 6 19
14.Шпанија 7 – 4 – 6 17
15.Кенија 6 – 6 – 1 13
16.Јамајка 6 – 3 – 2 11
17.Хрватска 5 – 3 – 2 10
18.Куба 5 – 2 – 4 11
19.Нов Зеланд 4 – 9 – 5 18
20.Канада 4 – 3 – 15 22
Од регионот:
26.Грција 3 – 1 – 2 6
32.Србија 2 – 4 – 2 8
41.Турција 1 – 3 – 4 8
45.Словенија 1 – 2 – 1 4
54.Косово 1 – 0 – 0 1
65.Бугарија 0 – 1 – 2 3