Олимпија бара нивните борачи да се борат под закрила на БФРСМ, да не освојуваат медали за други земји, туку за Македонија

Боречкиот клуб Олимпија од Штип бара нивните борачи (како што велат тие деца), ако веќе клубот не може да се натпреварува, тоа да им е овозможено на надежите на клубот и на македонското борење.

„Да, ние не се натпреверуваме во сопствената држава, но сме често присутни на меѓународни турнири, балкански првенства. Нашите борачи се борат и за други клубови-држави, каде и носат медали од истите. И покрај отстранувањето на БК Олимпија од БФСМ, децата имаат право да се борат под име на федерацијата за сопствената држава и овие борачи привремено ќе бидат членови на БФСМ додека се решат проблемите меѓу федерацијата и клубовите“, велат од Олимпија и нагласуваат:

„Ова го има и во Статутот на БФСМ, па и во меѓунардоните спортски организации. Ваков еден пример ќе споменеме од меѓународната сцена. За време на Олимпијадата во Токио, Русите беа казнети, но на истата настапија тројца борачи под името на Меѓународниот олимписки комитет (Угуев 57кг, Сидаков 74кг и Садулаев 97кг) и беа победници и носители на трофејот олимписки прваци под знамето на МОК“.

Според Олимпија, самоубедувањето е на штета на македонското борење оти се создава привидна слика со македонски борачи-странци, а домашните ги нема никаде. Во оваа насока се истакнува дека на Државното првенство за сениори во Кочани имало повеќе ветерани за да се собираат бодови, а потоа да се земаат ваучери/ пари од Агенцијата за млади и спорт.

Издавањето на државјанства на борачи во години е погубна политика, сметаат од Олимпија.

„До кога Македонија и македонскиот спорт ќе се распродава и ќе се оштетува несовесно, додека нашите домашни борачи и тренери секојдневно со труд и голема желба извршуваат тренинзи без ниту еден денар во име на нашата голема Македонија. До кога ќе се гази долгогодишната спортска традиција на големите имиња, како што се Шабан Трстена, Шабан Сејдију, Зоран Шоров и многу други македонски борачи кој оставиле печат во македонската борачка историја. Ние остануваме на сцената и верни на македонското борење“, велат од Олимпија.

Од обој клуб објаснуваат дека една спортска пензија изнесува 36.000 денари на месечно ниво, а годишно над 400.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО