ОИ: Испадна Кубанецот Аргилагос, Лопез го нокаутира Унгарецот Харкса (ВИДЕО)
Седмиот ден боксерскиот турнир во Рио го добивме првиот финален пар.
Јуберјен Мартинез влезе во историјата како првиот Колумбиец во финалето на боксерскиот турнир на Олимписките игри. 24-годишниот Мартинез со поделена одлука на судиите го победи најдобро рангираниот боксер во полумува категорија, 19-годишниот Кубанец Џониса Агрилагос.
Во финалето на категоријата до 49 килограми ќе се сретне со Узбекистанецот Хасанбој Дусматов кој го елиминираше Американецот Ника Хернандез, кој како и Аргилагос ја освои бронзата.
Трикратниот светски првак од Куба, Лазаро Алварез, го победи со едногласна одлука на судиите Американецот Карлос Балдерас и влезе во полуфиналето на лесна категорија (-60 кг).
Арлен Лопез влезе во четвртфиналето на средна категорија (-75 кг) нокаутирајќи го со лево кроше во првата рунда Унгарецот Золтан Харксa. Следниот негов противник е Французинот Кристијан Мбили која со прегласување на судиите го поминаа Еквадорецот Марл Хавиер Делгадо.
Вчера настапите ги започнаа и боксерките.
https://youtu.be/8g9YAy4cQzg






