Конечно, и официјално е потврдено дека УФЦ 193 ќе се одржи во Мелбурн на Етихад стадионот, со што и официјално ќе стане најпосетуван настан во историјата на УФЦ.
Иако за тоа се зборуваше уште на почетокот на годината, кога ММА беше легализирана областа Викторија, а УФЦ го најави своето доаѓање, но дури денес службено е потврдено дека УФЦ 193 ќе се одржи на прекрасниот стадион Етихад, кој е со капацитет од 56.000 гледачи.
Откако ќе се организираат и местата на тревникот, тогаш би требало и официјална да биде најпосетениот настан во историјата на УФЦ, доколку се продадат сите билети, а знаејќи како организацијата работи во Австралија, тоа не треба да биде проблем, особено затоа што местата на трибините не треба да бидат премногу скапи.
УФЦ досега еднаш речиси продаде 56.000 билети, и тоа беше за настан на стадионот во Торонто. Тоа беше на УФЦ 129, кој беше предводен од Жорж Сент Пјер и Џејк Шилдс. Најголемата посета на Етихад била 70.000 гледачи, на службената конвенција на Јеховините сведоци минатата година.
На УФЦ 193 носечка е борбата за титулата во велтер категорија, помеѓу Карлос Кондит и Роби Лоулер, а ќе настапат речиси и сите австралиски УФЦ борци.