Федор работи партер со Минаков- шампионот на Белатор! (ФОТО)

fedorminakovnasl

Почетокот на тренинг кампот на Федор Емилијаненко за повратничката борба предизвика големо внимание.

Додека желно се чека веста каде „Последниот император“ ќе настапи, неговите тренинг партнери стануваат се побројни.

Пред неколку дена го објавиме фотографиите на кои се гледа како на руската легенда му се приклучија на тренинзите во Белгород, Владимир Минеев и Константин Ерохин.

Рускиот ММА сојуз објави нови фотографии од подготовките на кои Федор вежба борба на партер со шампионот во тешка категорија на Белатор, Виталиј Минаков. Освен што е  ММА шампион, Минаков е и четирикратен светски шампион во самбо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО