Долгоочекуваниот судир меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон ќе се одржи на 7 април. Тоа ќе биде главниот меч на УФЦ 223, кој ќе се одржи во Бруклин, Њујорк.
Два пати средбата меѓу нив не се одржа поради проблемите кои ги имаше Русинот. Првпат се повреди, а вториот беше хоспитализиран еден ден пред борбата.
Сé уште не е јасно дали ѕвездите ќе се борат за титулата во лесна категоирја. Појасот во моментов е во сопственост на Конор Мек Грегор. Пред неколку дена, Дана Вајт предупреди дека ќе му го одземат појасот на Ирецот кој долго време не ја бранел титулата. Фергусон моментално е носител на привремениот појас.
https://youtu.be/AIuWJBev3Js
.