Официјално: Џошуа – Милер на 1 јуни во Њујорк

Владетелот во тешка категорија Ентони Џошуа ќе ги брани трите шампионски титули против Американецот Џарел Милер на 1 јуни во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.

Британската медиум забележаа дека Џошуа ќе ги следи чекорите на великаните во тешка категорија како Џо Луис, Џо Фрејзер, Ленокс Луис, Ивендер Холифилд и Мухамед Али, поминувајќи преку Атлантскиот Океан, за да стапне во „Меката на боксот“ – „Медисон сквер гарден“.

„На 1 јуни се упатувам кон Големото јаболко и планирам да допрам до културата и да се вратам со поголема апетит. Ќе се борам со Џарел Милер во легендарната Медисон сквер гарден. За мене беше чест и благослов да се борам во некои од најдобрите арени дома во Велика Британија, не само на Вембли. Дојде време да го преминам Атлантикот и да ги бранам титулите во тешка категорија во САД. Немам трпение за новиот предизвик против добар боксер, кој е брилијантен во приказните пред битката. Ќе биде возбудлив дуел, нема да оставам ништо на случајност, имам план да го победам Милер и да оставам трага“, коментира Џошуа за Скај спорт.

https://twitter.com/SkySportsBoxing/status/1095698682484264966?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1095698682484264966&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D770805

Милер има победи над поранешните предизвикувачи за светската титула како Џералд Вашингтон, Мариуш Вах, Јоан Дјуапа и Томаш Адамек на пат кон визитката со 23 победи, од кои 20 со нокаут.

„AЏ прави голема грешка кога доаѓа да се бори со мене во мојот дом. Сака да се покаже на американската сцена, но всушност доаѓа да ми ги предаде појасите. Ние сме како кучиња во рингот и имам поголем залак. Ќе си замине со празни раце од Њујорк. Цел живот чекам таква борба, на 1 јуни ќе го постигнам она за што сум роден и ќе станам светски шампион. Овој смешко АЏ ми стои на патот на моите соништа и на 1 јуни ќе го избракам оттаму“, рече Милер.

Џошуа имаше идеја да се соочи со Дионтеј Вајлдер во обединувачки дуел за титулите во тешка категорија, но Американецот одлучи ледната битка да му биде реваншот против Тајсон Фјури, чија борба заврши нерешено во декември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО