Каин Веласкез: Џон Џонс е страотен, но ќе го победам (ВИДЕО)

Каин Веласкез верува дека може да се справи со шампионот во полутешка категорија. Долго време се зборуваше за битка меѓу нив, но се се сведе на гласини. Сега поранешниот шампион се враќа по повеќе од две години отсуство и има пред себе суптилен противник во лицето на Френсис Нгану со кого овој викенд го предводат настанот во Аризона.

Веласкез се смета за еден од најголемите во тешка категорија, но бројните повреди го исфрлија од играта и не успеа да го покаже целосно својот потенцијал. Каин е отворен за идна борба со Џон Џонс и верува дека може да го победи.

„Можам да кажам дека дефинитивно имам интерес за меч со Џон Џонс. Јас сум во овој спорт за да се борам со најдобрите и да докажам дека сум меѓу нив.

Мојата цел е да влезам во кафезот, да победам и да се претставам добро, а потоа да се борам со најдобрите. Мислам дека можам да го победам Џонс. Тој е одличен спортист и сум ги гледал неговите борби.

Знам за што е способен. Секој борец е голем предизвик и тој не е исклучок. Мислам дека можам да се справам со него и сум доволно добар за да го направам тоа“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО