Официјалното мерење за УФЦ 31: Шампионот и предизвикувачот без проблеми, познатиот ветеран и ‘Касапот’ паднаа на мерењето (ВИДЕО)

Во 18:00 часот по македонско време, во УФЦ Апекс се одржа официјалното мерење за УФЦ 310, кое му претходи на свеченото мерење за навивачите во МГМ Гарнд граден арената вечерва во 19:00 часот по локално време. Настанот кој се одржува ноќта од сабота кон недела по македонско време во Т-Мобиле арената ветува одлична пресметка за „најмалата“ титула на УФЦ.

Главните ѕвезди на вечерта, шампионот во мува категорија, Александре Пантоја (56,6 кг) и предизвикувачот Каи Асакура (56,6 кг), се измерија и ја потврдија подготвеноста за борбата што ќе ја круниса оваа боречка вечер. Во конасловната пресметката успешно поминаа и непоразените Јан Мачадо Гари (77,6 кг) и Шавкат Рахмонов (77,6 кг) кои ќе се борат за шанса која води директно до титулата во полусредна категорија.

Но, не помина сè без проблеми. Ентони Смит (94,1 кг) и Брајан „Месарот“ Батл (79,4 кг) тежеа повеќе од што треба и ќе добијат помал хонорар од првично договорениот. Смит ја надмина границата за полутешка категорија за 1,4 кг, додека Батл беше дури 1,8 кг над договорената тежина за борбата со Ренди Браун (77,6 кг).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

Официјални резултати од мерење за УФЦ 310:

ГЛАВЕН ДЕЛ (04:00 ноќта од сабота кон недела по македонско време)

Александре Пантоја (56,6 кг) – Каи Асакура (56,6 кг) – за титулата во мува категорија
Иан Мачадо Гари (77,6 кг) – Шавкат Рахмонов (77,6 кг)
Сирил Гане (111,4 кг) – Александар Волков (115,4 кг)
Крон Грејси (65,5 кг) – Брајс Мичел (66,0 кг)
Доохо Чои (66,0 кг) – Нејт Ландвер (66,0 кг)

ВОВЕДЕН ДЕЛ (02:00 часот по македонско време)

Доминик Рејс (93,4 кг) – Ентони Смит (94,1 кг)*
Темба Горимбо (77,6 кг) – Висенте Луке (77,6 кг)
Мовсар Евлоев (66,0 кг) – Алџамејн Стерлинг (66,0 кг)
Брајан Бетл (79,4 кг)* – Ренди Браун (77,6 кг)

РАН ВОВЕДЕН ДЕЛ (24:00 часот по македонско време)

Ерик Андерс (87,5 кг) – Крис Вајдман (88,2 кг)
Коди Дурден (57,2 кг) – Џошуа Ван (57,2 кг)
Мајкл Киеза (77,6 кг) – Макс Грифин (77,6 кг)
Клеј Гвида (70,3 кг) – Чејс Хупер (70,5 кг)
Лукаш Бжески (106,1 кг) – Кенеди Нзечукву (107,3 ​​кг)
*пад на мерење

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО