БКФЦБокс

Официјално: Дарен Тил се соочува со Јоел Ромеро на БКФЦ Манчестер

Поранешниот предизвикувач на титулата во УФЦ, Дарен Тил, го доби следниот предизвик во БКФЦ. Англичанецот ќе се соочи со поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија на УФЦ, Јоел Ромеро, на главниот настан на БКФЦ Манчестер, кој ќе се одржи на 26 септември во АО арена во Манчестер.

Веста официјално ја потврди претседателот на БКФЦ, Дејвид Фелдман. Борбата ќе биде во категоријата до 190 фунти (околу 86 кг) и ќе ги спротивстави двајца од најопасните нокаутери кои поминале низ УФЦ. Тил го имаше дебито во организацијата во мај, кога забележа импресивна победа против Арон Чалмерс.

И покрај тоа што беше нокаутиран во првата рунда, Англичанецот се врати во борбата и постигна спектакуларен нокаут. Сепак,сега го чека многу посериозен тест,Јоел Ромеро.

Кубанецот имаше успешно деби во БКФЦ во 2025 година со победа со нокаут, а во вториот настап загуби со контроверзна одлука на настан надвор од организацијата во Русија. Ромеро ќе се стреми да се врати на победничките патеки, додека Тил се надева дека ќе го зацврсти своето место меѓу големите ѕвезди на БКФЦ со уште една импресивна победа.

Се очекува организацијата во наредните недели да ги објави преостанатите борби на програмата за настанот во Манчестер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON