АктуелноБоксОстанато

Мајк Тајсон открива: Милијардер ме спаси од апсење со неговиот приватен авион

Боксерската легенда Мајк Тајсон раскажа досега нераскажана приказна од најтурбулентните години од неговата кариера, откривајќи како покојниот милијардер Кирк Керкоријан му помогнал да избегне апсење со испраќање на приватниот авион.

Во интервју за списанието „Ринг“, поранешниот неприкосновен светски шампион во тешка категорија се присети на инцидент во кој нападнал човек кој го снимал со камера во тоалет.

„Имав правен проблем. Нападнав еден човек. Мислам дека влегол во тоалетот со камера за да ме снима, а јас го нападнав“.

Според Тајсон, токму тогаш основачот на МГМ ресртс, Кирк Керкоријан, една од највлијателните личности во историјата на Лас Вегас, му дошол на помош.

„Кирк ми го испрати својот приватен авион за да не бидам уапсен, а јас полетав“.

Ајрон Мајк рече дека гестот на Керкоријан бил огромен не само поради ситуацијата, туку и затоа што тој и неговото семејство патувале заедно во тоа време.

„Авионот беше огромен – со големина на две куќи. Го испрати за мене и моето семејство. Мојата ќерка беше сè уште бебе“.

Тајсон не криеше колку многу му значеше Керкоријан.

„Тоа беше мојот човек“.

Легендата на боксот додаде дека милијардерот бил човек кој никогаш не се повлекол пред неволјите.

„Кирк исто така не бил човек со кого некој сакал да има работа“.

Кирк Керкоријан, кој почина во 2015 година на 98-годишна возраст, беше меѓу највлијателните бизнисмени во Соединетите Држави. Основачот на МГМ ресортс одигра клучна улога во претворањето на Лас Вегас во боксерска престолнина на светот, а во 1990-тите, неговите казина беа домаќини на некои од најголемите борби на Мајк Тајсон.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON