АктуелноМеѓународна сценаММА

Хавиер Мендез: Усман Нурмагомедов ќе ги победи сите во УФЦ

Тренерот Хавиер Мендез е уверен дека шампионот во лесна категорија на ПФЛ, Усман Нурмагомедов, има квалитети да го победи секој од врвните борци во УФЦ.

Тренерот на Американската академија за кикбокс коментираше како би се снашол Нурмагомедов доколку се пресели во најголемата ММА организација во иднина.

„Мислам дека може да се натпреварува апсолутно со секого. Мислам дека ќе ги победи сите. Тоа е мое мислење. Усман ќе ги победи сите. Не гледам причина зошто не може да се справи со ниту еден од нив“, изјави Мендез за „Хеви спортс“.

Хабиб откри уште колку натпревари Усман Нурмагомедов ќе игра во ПФЛ до крајот на 2026 година.

Според тренерот, постои само еден исклучок – долгогодишниот соборец и спаринг партнер на Усман, Ислам Махачев.

„Единствениот кого нема да го победи е неговиот спаринг партнер Ислам Махачев, но тој веќе се искачи во велтер категорија“, додаде Мендез.

Сепак, пред да зборува за можна иднина во УФЦ, Нурмагомедов има важна задача во ПФЛ.

На 31 јули во Њујорк ќе ја брани титулата во лесна категорија против непоразениот Американец Арчи Колган. Колган влегува во борбата непоразен и, според Хабиб Нурмагомедов, е меѓу најсериозните тестови во кариерата на Усман.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON