Официјално: Бивол против Рамирез на 5 ноември во Абу Даби

Борбата меѓу Дмитри Бивол (20-0, 11 КО) и Жилберто Рамирез (44-0, 30 КО) сега е официјална.

Тие ќе се борат за титулата на ВБА во полутешка категорија на 5 ноември во Абу Даби. Борбата ќе биде 10-та одбрана на титулата за 31-годишниот Бивол. Рамирез (31) за прв пат ќе се бори за појасот во полутешка категорија.

Бивол има 20-0 во рингот и неодамна го совлада Канело Алварез. Ова се случи во мај во Лас Вегас. Дмитри доминираше и победи со одлука на судиите. Тој победи во 11 од неговите борби со нокаут

Рамирез има скор од 44-0 во бокс и победи на 30 меча со нокаут. Последен пат го победи Бозел во мај во Калифорнија. Жилберто е поранешен шампион во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО