На 10 септември во Лас Вегас ќе го видиме настанот УФЦ 279, кој ќе биде предводен од голема борба.
Хамзат Чимаев ќе се бори со Нејт Дијаз во полусредна категорија. „Борз“ во борбата влегува како огромен фаворит. Дијаз, пак, нема што да загуби во оваа борба, која е негова последна според договорот со УФЦ.
Нејт е категоричен дека нема да попушти. Чимаев има претензии на титулата, а заврница над Дијаз уште повеќе ќе ги подигне неговите акции. УФЦ објави официјален трејлер и ни покажа што не чека.
https://www.youtube.com/watch?v=TQVx0ZmdsMk