Одложена средбата Артур Бетербиев – Дмитри Бивол поради повреда

Мечот меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол е одложен. Непоразените шампиони во полутешка категорија требаше да се борат за неприкосновената титула на 1 јуни во Кингдом арената во Ријад, Саудиска Арабија.

Натпреварот е одложен откако Бетербиев го скина менискусот на тренинг. Се очекува борбата да биде презакажана за нов датум пред крајот на 2024 година.

Артур Бетербиев (20-0, 20 КО) од Монтреал е обединет шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ. Киргистанецот Дмитри Бивол (22-0, 11 КО) ја има титулата на ВБА.

Се очекуваше борбата меѓу Бетербиев и Бивол да го круниса првиот неприкосновен шампион во полутешка категорија во ерата на четири појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО