Алекс Переира откри дека негов следен противник би можел да биде Јиржи Прохаска

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Јиржи Прохаска наскоро би можел да добие уште една шанса да се бори за појасот.

Имено, во ноември минатата година загуби од Алекс Переира во мечот за празната титула со прекин во втората рунда, неодамна го совлада Александар Ракиќ и уште еднаш ја истакна својата амбиција да заседне на тронот.

На истиот настан во средината на април Бразилецот во првата рунда го нокаутира Хил Џамахал и за прв пат ја одбрани титулата во полутешка категорија.

Двократниот шампион сака да му понуди реванш на Прохаска, што значи дека Магомед Анкалаев треба уште малку да почека за борбата за појасот.

„Ако ја чекам таа борба, ќе ми треба многу време. Сакам да се борам и колку што знам, веројатно следен противник би можел да ми биде Прохаска“, изјави Алекс Переира и додаде:

„Анкалаев треба да почека малку. Џамахал Хил зборуваше некои глупави работи, но сега мора да почека уште малку. Мислам дека на ред е Прохаска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО