Одличниот Марио Свинарски освои бронза на ВКФ купот во Пореч

Марио Свинарски го освои бронзениот медал на ВКФ купот во Пореч, Хрватска, во У-21 до 75 килограми. Каратистот на Олимпик спорт од Скопје имаше одличен настап во репасажот извојувајќи четири победи.

Во првото коло Свинарски загуби од Квентин Маходен (Белгија) 3-4, а потоа паѓаа еден по еден Олех Пашченко (Украина) 4-3, Лукас Грос (Германија) 6-0, Александар Злобин (Украина) 3-0 и во борбата за бронзата Фарид Агаев (Азербејџан)  4-1.

Резултати – ВКФ Куп У-21:
-50 кг Верона Ајдини – Алесија Нарди (Италија) 0-2
-55 кг Марија Милева – Џулија Теифрето (Италија)
+68 кг Симона Симовска – Дарија Осадчук (Украина)
-60 кг Фахик Весели – Дмитро Скрипник (Украина)

-75 кг
Марио Свинарски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4
Репасаж
Марио Свинарски – Олех Пашченко (Украина) 4-3
Марио Свинарски –Лукас Грос (Германија) 6-0
Марио Свинарски – Александар Злобин (Украина) 3-0
За бронза
Марио Свинарски – Фарид Агаев (Азербејџан)  4-1

Кати
Александар Неделковски со 2,94 втор во 1.група, 7-ми во вториот круг со 22,58 – во купниот пласман е 13-ти

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО