Одлични борби на Берат Јакупи и Мартин Несторовски, Вероника Костовска во репасаж во Лајпциг

Берат Јакупи денска беше во елемнт на Премиер лигата во Лајпциг, Германија, кој стигна до полуфиналето во неговата категорија до 84 килограми, каде што загуби на прв освоен поен при нерешен рзултат од 2-2 со Русинот Александер Илиев. Претходно Јакупи извојува пет победи во категоријата која брои 139 натпреварувачи.

Мартин Несторвски (+84 кг) досега има три победи и за влез во полуфиналето се бори со стариот познаник Јонатан Хорне од Германија (Несторовски загуби 0-1, може да се надева на репасаж ако Германецот оди понатаму). И Жарко Арсовски (+84 кг) имаше забележителен настап со две победи и еден нерешен резултат изгубен на прв освоен поен.

Кај девојките најуспешна беше Вероника Костовска која извојува две победи, а во третата средба претрпе пораз, но ја чека репасажот, така што има шанси за бронзен медал.

Резултати:

75 кг
Азиз Исмаил – Металург – Џон Џорџас (Австралија) 3-0
Азиз Исмаил – Металург – Јута Мори (Јапонија) 0-1

Петар Заборски – Макпетрол – Кристијан Хансен (Данска) 0-1

Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Даисуке Ватанабе (Јапонија) 0-1
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов

Доан Османи – Фати – Јероним Етеми (Германија) 3-0
Доан Османи – Фати – Иса Рзболов (Казахстан) 1-2

-84 кг
Берат Јакупи – Асиарт – Сергеј Пинчук (Унгарија) 8-0
Берат Јакупи – Асиарт – Беслан Мизов (Русија) 4-4
Берат Јакупи – Асиарт – Иван Квесиќ (Хрватска) 4-0
Берат Јакупи – Асиарт – Ибрахим Мелхади (Франција) 2-0
Берат Јакупи – Асиарт – Ахмед Елмасри (Египет) 5-4
Берат Јакупи – Асиарт – Александер Илиев (Русија) 2-2 победа на Русинот

Петар Спасеновски – Металург – Филип Тепел (Германија) 1-0 
Петар Спасеновски – Металург – Валери Чоботар (Унгарија) 1-2

Виктор Крстевски – Металург – Фабио Воза (Швајцарија) 6-0
Виктор Крстевски – Металург – Александер Илиев (Русија) 3-7

Сашко Патраклиев – Македонка – Тибор Хидаши (Унгарија) 6-1
Сашко Патраклиев – Македонка – Масаја Ишизука (Јапонија) 0-7

+84 кг
Мартин Несторовски – Металург – Патрицио Косциоти (Италија) 0-1
Мартин Несторовски – Металург – Бенјамин Нуркиќ (БиХ) 0-0
Мартин Несторовски – Металург – Василии Антохил (Русија) 2-1
Мартин Несторовски – Металург – Јонатан Хорне (Германија) 0-1

Жарко Арсовски –Штип – Вевин Вагнер (Швајцарија) 1-0
Жарко Арсовски –Штип – Јарослав Хоруна (Украина) 4-0
Жарко Арсовски –Штип – Гаје Ндур Елхаџи (САД) 1-1

Семир Ќосовиќ – Металург – Роб Тимерманс (Холандија) 0-1

55 кг
Симона Заборска – Макпетрол – Еун Ан Тае (Тајпеј) 0-2
Моника Пендароска – Макпетрол – Татјана Вулиновиќ (Србија) 0-0
Сара Крстевска – Металург – Ли Лирисман (Естонија) 0-1
Јована Георгиева – Олимпик спорт – Кетрин Кемпбел (Канада) 0-4

61 кг
Наташа Стефановска – Макпетрол – Ана-Мари Ваурик (Германија) 1-2

Вероника Костовска – Кеикс – Александра Хааг (Шведска) 4-0
Вероника Костовска – Кеикс – Ју Ван Чои (Хонг Конг) 1-0
Вероника Костовска – Кеикс – Хаја Џумаа (Канада) 1-7

68 кг
Моника Стефановска – Макпетрол – Дарија Орзечовска (Полска) 2-3
Ангела Мојсовска – Макпетрол – Сејда Буруџу (Турција) 0-3
Бојана Манева – Штип – Дора Чагани (Унгарија)

+68 кг
Драгана Тодоров – Металург – Жужана Кубалова (Словачка) 3-4

Резултати од вчера:

60 кг
Емил Павлов – Штип – Елефтериос Даварис (Грција) 2-0
Емил Павлов – Хван Ли Жи (Кореа) 0-1

67 кг
Димитар Илиевски – Ботони – Кристијав Вевер (Гватемала) 5-0
Димитар Илиевски – Томас Касерер (Австрија) 3-3 – победа на Австриецот

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Карлос Валбуена (Шпанија) 9-1
Ненад Ќелебиќ – Веи-Чиен Тенг (Тајпеј) 2-0
Ненад Ќелебиќ – Тау-Бек Тебуев (Русија) 0-1

Давид Петков – Металург – Брајан Ремруп (САД) 0-1  

Кати
Пуликсенија Јованоска – Ронин – Патриција Еспартеиро (Португалија) 2-3

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. По Лјапциг следуваат Истанбул (23 и 24 септември), Ротердам (7 и 8 октомври) и Окинава (25 и 26 ноември).

 Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО