Одборени уште 10.000 места на Вембли за борбата Кличко-Џошуа

klicko-i-dzosua-na-vembli

Бидејќи интересот за мечот на Ентони Џошуа и Владимир Кличко за светски титули во ИБФ, ВБА и ИБО во тешка категорија е огромен, организаторите побараа дозвола да се зголемување на бројот на гледачи на Вембли.

Предлогот е одобрен и мечот за титулата светски шампион во тешка категорија на 29 април ќе го следат 90.000 гледачи, што е рекорд за периодот по Втората светска војна и ќе го изедначи британскиот рекорд од 90.000 гледачи кој го поставија Лен Харви и Џок МекАвој на стадионот Вајт Сити во Лондон во 1939 година.

Vajt siti boks mec

Лондонскиот градоначалник Садик Кан го поддржа одржувањето на борбата и одобри 10.000 дополнителни места на еден од најпознатите стадиони на светот. Одржа состанок со службениците на транспортните компании и обезбеди дополнителни средства за транспорт кои сигурно ќе донесат и однесат навивачите на стадионот.

Претходните 80.000 билети брзо се распродадени, а додатните влезници во продажба ќе бидат пуштени на 1 февруари по цена помеѓу 40 и 80 фунти.

„Не можам да дочекам да ја видам борбата на годината овде во Лондон и фантастично е што публиката ќе може да го гледа овој настан во врвен објект, како што е Вембли“, рече градоначалникот Кан.

„Како и јас, луѓето од транспортните компании го препознаа значањето за главниот град што претставува одржувањето на оваа борба и ги елиминираат сите пречки. Се радувам на иднините борби што ќе се одржат во нашиот голем град“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON