Обложувалниците се повеќе веруваат дека Мек Грегор може да го победи Мејведер

Доколку сакате да се обложите на Конор Мек Грегор против Флојд Мејведер, можеби сте ја пропуштиле приликата за вистинска заработка. Имено, букмејкерите се повеќе му веруваат на Ирецот, па обложувачкиот коефициент на неговата победа сега е два пати помал отколку пред неколку месеци.

Не знаеме која причината за таквата процена на обложувалниците, но како се наближува потенцијалната потврда на средбата, така паѓа на коефициентот за победа на ирскиот ММА борец. Во почетокот тој беше, кога се појави понудата, беше исклучително голем. Првиот соодноси за Ирецот изнесуваа дури 10.00, односно неговата победа на обложувачот ќе му донесе десет пати повеќе од износот. За споредба, Флојд Мејведер отвори со коефициент од 5,1, што би значело дека, ако се обложите на 100 денари, за неговата победа ќе добиете 105 денари, намалена за данокот и трошоците. Така, речиси никаква добивка не би ви донела неговата победа.

Сега работите налку се сменија. Коефициентот на Мек Грегор падна за неколку пати, но најновата понуда на една онлајн обложувалница фрла сосема нова слика на прооценката за тоа како би можел да заврши натпреварот. Така, коефициентот на Мејведер во моментов е 1:13 и уште речиси и не постои можност за профит во случај на негова победа. Сепак, 5.75 за победа Мек Грегор дава до знаење дека обложувалниците се водат со некои фактори кои би требало да одат во корист на Конор Мек Грегор.

Иако со ова можноста за заработка на победата на Мек Грегор во добар дел се намалува, битно е да се напомене и дека во моментов му се даваат поголеми шанси за победа над Мејведер отколку што му се даваа на последниот противник на Флојд, Андре Берто, кој веќе неколку години се наоѓа во врвот на проефсионалниот бокс свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО