Менаџерот го откри планот за идните три меча на Ентони Џошуа

Мометалниот „Богот на борбите“ на британскиот, но и на европскиот бокс, Еди Херн, ги откри плановите за својот моментално најпопуларен пулен. Херн ги истакна мечевети кои до крајот на идната треба да ги одработи Ентони Џошуа.

Овој млад менаџер, кој за кратко време успеа да ја оживее целосно заспаната британска бокс сцена, го прави договорот на животот со мечот Џошуа и Кличко, а победата на неговиот боксер му донесе слатки грижи околу организацијата на понатамошните мечеви на сегашниот светски шампион во тешка категорија во три верзии.

Херн се надева дека за почеток Владимир Кличко ќе ја активира клаузула која му го овозможува правото на реванш против Ентони. Тој меч би требало да се одржи по летото. Потоа има интересен план. Борбата за придодавање на титулата која му недостасува, а во моментов е во сопственост Дионтеј Вајлдер, по што треба да следи Тајсон Фјури и веројатно најголемиот тешкашки судир во историјата на Велика Британија. Само, Фјури мора прво животот целосно да си го доведе во ред.

„Никој не сака повеќе да се врати Фјури отколку Џошуа и јас. Тоа ќе биде најголемиот можен меч во светот на боксот“, прокоментира Херн за потенцијалната средба против Фјури, додавајќи зошто го ставил Фјури на последно место: „Тој е далеку од враќање на вистинскиот бокс, но се чини дека повторно е во седлото и дека се враќа на вистинскиот пат. Сепак, ќе му биде треба време, тоа е сигурно“.

Во моментов се чека одлуката на Владимир Кличко, кој изјави дека е заинтересиран за реванш, но дека ништо нема конечно да одлучи се додека добро не размисли во друштво на семејството и пријателите. Сепак, крајниот рок за донесување на одлуката веројатно е поблиску и наскоро сигурно ќе знае што ќе се случи со тој меч, кој сигурно би сакале сите повторно да го видат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО