Објавени се номинациите во УФЦ за „завршница/ принуда“ на годината (ВИДЕО)

Најсилната светска ММА организација и оваа година продолжува да објавува номинации за најдобрите.

По изборoт за нокаут на годината, УФЦ, исто така, им понуди на навивачите четири одлични „завршници/ принуди“ кои беа видени во октагонот во текот на сезоната.

Меѓу номинираните се Гловер Тешеира, Брендон Морено, Висенте Луке и Хамзат Чимаев.

Гловер го победи Јан Блахович со задушување во борбата за шампион во полутешка категорија, додека Морено на ист начин го победи Дејвесон Фигуердо во категоријата мува, со што стана првиот Мексиканец кој го освоил појасот на УФЦ.

Луке со својата зафат беше појак од Тајрон Вудли, кој потоа беше отпуштен од УФЦ. Импресивен беше и Хамзат Чимаев кој со задушување го совлада Џинглијанг Ли.

Потсетете се на одличните „завршници“ и гласајте за вашиот омилен фаворит ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО