Објавена е најскатапа видео промоција во историјата на УФЦ: Хозе Алдо против Конор Мек Грегор! (ВИДЕО)

conor_mcgrego

Вчера се одржа долго очекуваниот УФЦ 187, кој беше предводен од страна на Ентони Џонсон и Даниел Кормиер. Следниот ППВ настан е УФЦ 188, кој ќе го предводат привремениот шампион во тешка категорија, Фабрицио Вердум, и актуелниот шампион, Каин Веласкез. По оваа шампионска пресметка следи уште еден ММА настан , во форма на пресметка на најдобриот и на најгласниот борец на светот –шампионот во преолесна категорија, Хозе Алдо и предизвикувачот Конор Мекгрегор.

УФЦ го објави првиот официјален видео трејлер за оваа борба и тврдат дека ова е најскапото видео во историјата на промоцијата! УФЦ има многу инвестирано во промоцијата на овој спектакл. Бразилецот и Ирецот во 10 големи градови го рекламираа нивниот меч. На секое случување и на прес-конференциите не изостанаа острите зборови и заканите, а најжешко беше во коноровиот Даблин, каде што Ирецот за момент му го украде шампионскиот појас на Алдо. За малку  недостасуваше мечот да се случи на сцената во Даблин, а не во октагонот на УФЦ 189.

УФЦ 189 ќе се одржи во јули во Лас Вегас и сигурно долго време ќе остане во мислите на љубителите на ММА.

https://youtu.be/g4xewIFm8go

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON