Вајалдер: Готов сум за Поветкин! (ВИДЕО)

Valjalder so cestitki do povetkin

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (САД) му честиташе на Александар Поветкин (Русија) за убедливата победа над Мајк Перес (Куба). Американецот ќе има доброволна одбрана на круната против Ерик Молина на 13 јуни, но ако победи, треба да ја почитува обврската да боксира со официјалниот кандидат. Со успехот над кубанецот, Поветкин веќе има обезбедена можност да се бори за светската титула.

 „Честитки за Поветкин. Подготвен сум да се борам со него“, коментира Вајлдер, кој ги има ексклузивните 33 победи од 33 борби, а 32 од нив се со нокаут. Единствениот пораз во професионалната кариера на Поветкин е од Владимир Кличко кон крајот на 2013-та. Оттогаш тој има три успешни борби што ги доби со нокаут.

https://youtu.be/jhJIYe7WDMU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО