Обединетото светско борење ја одложи одлуката за Светското првенство

Обединетото светско борење (/UWW/УВВ) повторно ја одложи одлуката за одржување на Светското првенство за мажи и жени, закажано за 12 декември во Белград, Србија. Извршниот комитет требаше да донесе одлука на 6 ноември, но сега ја одложи одлуката за 10 ноември.

Во Србија во моментов се одржува Светското првенство во самбо, што значи дека нема никакви пречки за локалните власти да го одржат шампионатот. Сепак, останува прашањето колку земји ќе учествуваат на шампионатот во борење. Досега повеќе од 60 земји се изјаснија дека ќе ги испратат своите тимови. Претходно борците од САД, Јапонија, Казахстан и Куба се повлекоа од шампионатот поради напнатата епидемиолошка состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО