Нуров против големиот Садулаев падна, но чека репасаж, Егоров со судиска одлука загуби, Фејсели поразен со надеж за репасажна борба (ВИДЕО)

Могамедгаџи Нуров (97 кг) стартуваше со победа на Европаките игри во Минск, Белорусија, победувајќи го во првото коло Литванецот Караускас со 10-0, односно технички туш го совлада Литванецот Лукас Красаускас и се пласираше во втората рунда.

Сепак, втората препрека, едноствано, беше непремостлива, бидејќи загуби од рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев со 6-0.

Но среќа во несреќа е што Абдулрашид Садулаев во полуфиналето ќе се сретне со Хуштин Александар (Белорусија) и реално е да се очекува негова победа против Белорусинот. Со ова, Магомедгаџи ќе добие шанса за учествуво во репасажот.

Владимир Егоров не успеа преку репасажот во категоријата до 57 килограми да дојде до медал на ЕИ, затоа што загуби со судиско прегалсување на поени од бугарскиот борач, Георги Вангелов,откао борбата заврши 3-3. Така што остана без шанса да се бори за бронзениот медал. Всушност, Георги во една акција освои 2 поени, додека Егоров трипати освојуваше по 1 поен, па според судиските правила за победник е прогласен борачот од Бугарија. Во конечен пласман Егоров го освои седмото место од четиринаесет борачи.

Фати Вејсели (65  кг) во првото коло загуби на поени со 9-1 од Ахмед Чакаев од Русија. Но Вејсели може да се надева на репасаж ако Русниот обезбеди борба во финалето, ако го совлада Грузиецот Валдимер Хингешвали.  

https://youtu.be/HV_g7ZEGxGo

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON