МОК ја одзеде лиценцата на АИБА, но ќе има бокс на Олмпијадата во Токио

Тоа, за што зборуваа сите, конечно, се случи. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја повлече лиценцата на Меѓународната боксерска федерација (АИБА) на својата 134-та сесија во Лозана (Швајцарија). Боксот сé уште останува на олимписката програма за Игрите во 2020 година.

Во мај, извршниот комитет на МОК ја препорача мерката, бидејќи АИБА не успеа да ги исполни своите обврски во врска со управувањето и финансирањето на седиштето, судењето и етичкиот кодекс.

AIBA може да поднесе барање за обновување на лиценцата по Олимпијадата во Токио, која ќе се одржи од 24 јули до 9 август следната година.

МОК ќе ја преземе организацијата на олимпискиот боксерски турнир во главниот град на Јапонија, за т цел е основана специјална комисија со претседател член на МОК и претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација Моринари Ватанабе.

Комисијата веќе го претстави проектот за програмата на олимпискиот турнир на кој ќе бидат вклучени 13 категории – 8 за мажи и 5 за жени. Планот е за 286 боксери да учествуваат (186 мажи и 100 жени), а квалификациите ќе се одржат од јануари до мај 2020 година.

https://sportsclassy.com/ioc-approves-exclusion-of-aiba-from-tokyo-2020-games-boxing-news/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО