Нуров ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство

Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (97 кг) во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот Генади Чудинович и ќе се бори за бронзениот медал со Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев.

Да потсетиме дека во четвртфиналето на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русуија, Нуров беше поразен од Александар Хуштин (Белорусија) со 2-6.

Борбата на Нуров е во 18 часот.

Денеска се борат и Елмедин Сејфулаху (61 кг) со Белорусинот Ниурхун Скрабин и Бобан Савев (92 кг) против Кирило Миешков од Украина.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО