Нуров елиминиран во четвртфиналето од Перез (ФОТО)

Македонскиот борач, Магомедгаџи Нуров елиминиран е во четвртфиналето од Олимписките игри во Токио, така што неговите шанси за медал драстично се намалија. Не исчезнаа воопшто, но станаа неверојатни.

Во четвртфиналето, во категоријата до 97 килограми, Нуров загуби од Кубанецот Реинерис Салас Перез. Иако Нуров важеше за фаворит и четврторангиран меѓу своите конкуренти, Кубанецот славеше со 6-4, благодарение на одлично одработената прва рунда, во неа направи добар зафат, како контра-напад на обидете на Нуров и освои четири поени. Нуров изедначи на 4-4 во втората рунда, со двапати по два поена, но Салас Перез го врати водството и го сочува до крајот.

Претходно, во осминафиналето Нуров го победи Мохамед Садауаи со 5-0.

Ако Кубанецот Салас Перез се плсира во финалето ќе го Нуров во борбата за бронза преку репасаж. За да стигне до финалето Кубанецот треба да го совлада најдобриот на светот во оваа категорија, Русинот Абдулрашид Садулаев. Нивното полуфинале на програмата е во 11:15 часот, па тогаш Нуров ќе знае дали ќе продолжи да се надева или за него настапот во Токио е дефиитивно завршен.

Ако дојде до сценарио Салас Перез да го совлада Садулаев, тогаш на Нуров би му требале две победи за бронза, една против Александар Хуштин од Белорусија и втора против Садулаев. Тој е осмиот и последен претставник на Македонија на Игрите во Токио, кои завршуваат в недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО