Нурмагомедов: Тешко е да се каже не на 40 милиони долари за да се вратам во УФЦ

Еден од најдобрите борци во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата во 2020 година, а во меѓувреме добил неколку понуди за да се врати во рингот.

Нурмагомедов кажа дека не планира да се врати во рингот, иако УФЦ му нудел 40 милиони долари.

„Тешко е да се каже ‘не’ на 40 милиони долари. Но за мене тие пари не се најважни. Не беше лесна одлука, но решив да останам надвор од рингот. Среќен сум со мојата одлука“, вели Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО