Сеишин на два турнири, во Софија и во Подгорица, освои седум медали

Викендов Сеишин повторно се бореше на 2 фронта, при што вчера на Меѓународниот турнир во џудо „Олимпија“ во Софија, Бугарија, освои два медала – 1 сребрен и 1 бронзен, а дене на Меѓународниот меморијален  турнир „Д-р Шчепан Симаниќ“ во Подгорица, Црна Гора, се закити со 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Медалите во Софија ги освоија Христијан Бунески сребрен и Владан Стрезовски бронзен.

На овој турнир во Бугарија настапија околу 400 џудисти од 7 држави: Бугарија, Грција, Турција, Србија, Словачка, Романија и Македонија.

Одлични и пожртвувани борби прикажаа Ване Ацески и Арсениј Димески кои  не успеаја да изборат место меѓу првите тројца, бидејќи ги загубија борбите за бронзени медали.

Во една ваква силна конкуренција на вакви престижни меѓународни натпревари тренерот Марио Тошески кој ја водеше екипата  е задоволен од прикажаното.

Додека на „Д-р Шчепан Симаниќ“ медалите ги овоија:

Резултати поединечно:

1.Теодора Илиоска 1-во место
2.Немања Џагадуроски 1-во место
3.Тамара Илиоска 2-ро место
4.Иван Јошески 3-то место
5.Марко Ацески 3-то место

На овој турнир учествуваа околу 320 натпреварувачи од 30 клубови од 3 држави: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

Екипата ја водеа тренерот Дејан Мицкоски и судија Дарко Јошески кои се задоволни од прикажаното на ова силно првенство во Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО