Марио Ананиев е најдобар борач на Меѓународниот турнир „Трофеј шампиони боречки легенди“, Александар Стојанов се прости од активното борење

Марио Ананиев е најдобар борач на Меѓународниот турнир „Трофеј шампиони боречки легенди“ што се одржа денес во Радовиш во организација на БК Бучим.

Најдобар домашен борач е Илија Атанасов, а најдобар странски борач е Ајак Аик Казаиран.

На турнирот настапија 130 борачи од Македонија, Косово и Грција.

„Трофеј шампиони боречки легенди“ го одбележа и опростувањето на Александар Стојанов од активното борење кој до крај му беше верен на Бучим, за што доби плакета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО