Бургас е најуспешен, а Дан кју е најдобар македонски клуб на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен“

Најуспешен клуб на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен“ е Бургас од Бугарија со 27 медали – 12 златни, 8 сребрени и 7 бронзени), втор е Морнар од Бар 24 (12-4-8), а Лозница е трета 19 (10-7-2). Најдобропласиран македонски клуб е Дан кју со освоени 12 медали (5-2-5).

Организаторот вели дека генерално Скопје опен бил одличен турнир, со многу техника, камери, видео бим со подиум , 245 борци со 298 влезови од 24 клубови од 9 држави.

Се натпреваруваа во 98 категории во борби, 24 категории во не ваза и 5 категории во дуо – систем.

Токму на последните  „Светски игри” сто завршија минатиот викенд во Ријад, Саудиска Арабија, а во организација на ИОК, ги имаше трите дисциплини што беа застапени на „Скопје опен“.

Klubsko (1)

Medalje

Uvrstitve-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО