Хабиб Нурмагомедов прави сметки како ќе го уништи Конор Мек Грегор кога ќе се сретнат во октагонот. Непобедениот Русин и понатаму е бесен на својот противник. Главната причина е нападот на Ирецот на автобусот со борци на ММА во Њујорк.
I am old school and try to do this man to man but the he don't want anything to do with a real man. Time to move on @danawhite @seanshelby pic.twitter.com/ilAL4yM6O7
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) November 23, 2016
„Уште не знам кој ќе биде следниот мојот ривал. Свесен сум само дека дуелот ќе биде во Лас Вегас. Сакам да се борам со Конор. Фановите исто така ја чекаат оваа средба. Се надевам и Конор го сака овој меч. Изнаприкажа многу работи, но кога ќе дојде моментот за вистински преговори, тој замолчува. Планирам да го уништам, но не сум свесен во кој круг ќе заврши борбата. Мислам дека поголемиот дел ќе помине на партер, бидејќи ќе се бориме“, рече Нурмагомедов
Нурмагомедов додаде дека планира да направи уште четири средби и потоа да ја прекине кариерата.
https://youtu.be/4VqMWfSCz60
.