Нурмагомедов: Конор ќе се врати, само за да ја зголеми својата сметка (ВИДЕО)

Непоразената руска ММА машина, Хабиб Нурмагомедов, продолжи со напливот на критики спрема „непријателот“ во отсуство Конор Мек Грегор. Долго време се задеваат. Нурмагомедов не пропушти да фрли уште една отровна стрелка кон Ирецот во пресрет на неговиот меч со Едсон Барбоза, кој ќе се одржи оваа сабота. Во моментов Мек Грегор се уште е шампион, но не влегол во октагонот повеќе од една година.

„Ако не сте повреден, немате проблеми со здравјето и сте шампион, вашата должност е да ја браните титулата. Ако тоа е едноставна борба, тој може да се бори секогаш кога сака. Но, појасот мора да биде бранет. Ова не е за пари, туку за спортот. Мек Грегор ќе се врати во октагонот. Мислам дека тој ќе го стори тоа за да ја зголеми неговата сметка“, коментира Нурмагомедов.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО