Нунес ја одбрани титулата, Алдо поразен во дебито во бантам, Јан го нокаутира Фабер (ВИДЕО)

Аманда Нунес (19-4, 12-1 УФЦ) на УФЦ 245 во Лас Вегас по пети пат го одбрани шампионскиот појас во бантам категорија.

Двократната шампионка стигна до десетата последователна победа со едногласна одлука на судиите (49-44, 49-46, 49-45) во реваншот против поранешната првенка во перолесна категорија Холанѓанката Жермеин де Рандами (9-3, 6-2 УФЦ).

https://twitter.com/RMCSportCombat/status/1206078682986635264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1206078682986635264&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D819037

Петр Јан (14-1, 6-0 УФЦ) пружи уште една импресивна изведба. 26-годишниот Русин ја оствари шестата последователна победа во бантам категорија во најсилната светска ММА промоција против ветеранот Урија Фабер (35-11, 11-7 УФЦ).

Јан веќе претепаниот „Калифорнија Кид“ во неговиот втор меч од враќањето го заврши со удар со нога во главата во 3.рунда.

Бразилецот Жозе Алдо (28-6, 10-5 УФЦ) со пораз ја почна кариерата во бантам. Поранешниот шампион во перолесна категорија изагуби со тесна одлука (29-28, 29-28, 29-28) од сонародникот Марлон Мораеш (23-6-1, 5-2 УФЦ).

https://youtu.be/S5VxGwGZNo8
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО