Македонецот Александар Волкановски е светски првак во УФЦ (ВИДЕО)

Македонецоте Александар Волкановски – Александар Макеоднски е нов шампион на УФЦ во перо категорија.

Волкановски го победи со едногласна одлука (48-47, 48-47, 50-45) досегашниот првак шампионот Макс Холовеј. Така, тој ја забележа својата 18-та последователна победа и осмата во УФЦ, додека Холовеј си го дозволи својот прв пораз за шест години.

Од првата рунда, поранешниот австралиски рагбист ја нагласи својата супериорност и го постави патот во мечот. Во втората Холовеј го подобри својот настап. Третата рунда беше еквивалентна. Волкановски успеа да го испровоцира аплауз од приврзаниците на Холовеј откако зададе десно кроше во лицето.

Акруелниот шампион никогаш не успеа да го наметне својот ритам. На 30 секунди пред крајот, Волкановски прими силен удар со колено, но остана на нозе и продолжи да го диктира темпото. Холовеј одеше смело во четвртата рунда, но доби десно кроше во лицето. Следуваше размена и неуспешен обид за соборување од страна на Волкановски. Холовеј одговори со убава комбинација и размена, со тоа што шампионот изгледаше посигурно, но никогаш не дојде до разврска и сè остана за петата рунда. Во неа Холовеј не успеа да го спречи Волкановски, кој самоуверено ја доведе мечот до крај и го закчи појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО