АктуелноОстанатоТаеквондо

Нов успех на Мила Рељиќ – бронзен медал Фуџарија Г-2 oпен во Емиратите

Милијана Рељиќ викендов настапи на Фуџарија Г-2 Опен во Eмиратите и се заќити со бронзен медал.

Во првото коло Мила поради добриот ранкинг беше слободна и ја чекаше подобрата противничка од Кумари Аканша од Индија и Ју Јеук Чан од Хонг Конг. Во второто коло Рељиќ ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2:0 во рунди.

Во борбата за бронзен медал Мила ја победи плимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така со 2-0 во рунди.

„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава.

Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата (видео во прилог).

Како и да е ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранг-листа.

Мила фуриозно ја почна оваа сезона со бронзен медал на еден од најсилните турнири во Азија“, вели тренерот Александар Ефтимов.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON