Носителите на медали од СП на прием АСМ: Во иднина уште поголеми резултати!

Georgiev manojlovski todorova

Македонската кикбокс репрезентација денеска имаше прием во Агенцијата за  млади и спорт, по успешниот настап на Светското првенство за сениори во Белград, каде што Ненад Манојловски и Димитар Ѓорѓиев станаа светски шампиони, а Стефани Тодоровска бронзен медал.

kik-bokseri1-os SP vo ASM 2015

Сето ова е остварено во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји.

За овој голем успех, светските шампиони Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски се стекнуваат со стипендии од меѓународна категорија и во следните две години ќе добиваат надоместок од државата во висина од една просечна плата.

„На нашите медалисти, но и на сите спортисти сакам да им порачам да продолжат да редат успеси и да ја претставуваат Македонија во најдобро светло на меѓународен план, а АМС ќе го следи секој нивни успех и ќе го вреднува секој нивни резултат“ изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Rakovodstvo kik boks vo ASM 2.11 2015

Пре­тсе­да­тел­ка­та на Ма­ке­дон­ска­та кик­бокс-фе­де­ра­ци­ја (МКБФ), Але­ксан­дра Не­дел­ков­ска, бе­ше пре­за­до­вол­на од ус­пе­хот на ре­пре­зен­та­ци­ја­та, истак­ну­вај­ќи де­ка ова е плод на ед­на ма­ко­трп­на ра­бо­та и труд на си­те во МКБФ.

Ѓорѓиев по трет пат стана светски првак во категоријата до 74 килограми во дисциплината кик-лајт, а на Манојловски ова му прво злато во истата дисциплина. Исто така и Тодорова го освои бронзениот медал во кик-лајт во категоријата до 60 килограми.

Димитар Ѓорѓиев изрази голема благодарност до стручниот штаб, бидејќи неговата победа, но и одличните резултати на останатите репрезентативци се производ на добрата тимска работа.

Peharite od SP vo ASM kik boks

„Им се заблагодарувам на сите во стручниот штаб, бидејќи без нив немаше да победиме. Тие одлично не водеа низ борбите. Без нив немаше да дојдеме до вакви резултати. Мора да се истакне дека покрај медалите имаме и две петти места и други успеси на целата репрезентација. Се боревме против традиционално силни земји, како Русија, Полска, Хрватска и друго и од следната година очекувам и поголеми резултати од нашата репрезентација. Секое Светско првенство е потешко од претходното, бидејќи противниците се следат преку интернет и се анализираат па затоа секоја наредна година е сѐ потешко да се дојде до златото”, истакна трикратниот светски шамион Ѓорѓиев.

kik boks sedat vo asm

Ненад Манојловски вели дека не очекувал да дојде до златото, но дека тактиката на неговиот тренер била клучна во овој голем успех.„Сакам да ги поздаравам сите натпреварувачи, кои учествуваа на ова Светско првенство и за подршката која ни ја даваа во текот на борбите. Морам да му се заблагодарам на тренерот Драган, бидејќи благодарените на неговата тактика успеав да стигнам до финалето и потоа да славам. Искрено не верував во ваков успех и не ни очекував во вакво нешто. Дадов сѐ од себе и дојдов до злато. Противникот беше многу тежок, но мојата тактика победи“, истакна Манојловски.

Тодорова се надева дека во иднина ќе успее да дојде до првото место и до златниот медал.

„Се надеваме во иднина на уште поголеми резутати. Сега освоив бронза, но се надевам дека на наредното првенство медалот ќе биде златен”, изави Тодорова.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО