Миоки најуспешна екипа на „Миоки опен“, Берна Шерифовска најдобар џудист за 2015 година

Mioki najuspesni na Mioki open 2015

Во сениорска конкуренција за најуспешен клуб на 6. Меѓународен џудо турнир „Миоки опен“ беше прогласен ЏК Локомотив од Софија, додека пак кај сениорките домаќинот ЏК Миоки. Пехар за најуспешна домашна екипа доби ЏК Миоки. За најуспешна странска екипа беше прогласена екипата на Баликешир од Турција.

berna so cekot  30 iljadi

Меѓународен турнир „Миоки опен“ се одржа повод меѓународниот ден на џудото во СЦ „Борис Трајковски“ со учество на 37 клуба и 402 натпреварувачи од 12 држави: Бугарија, Грција, Турција, Русија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Македонија.

Marjan Spaseski na Mioki open 2015

Покрај најдобрите клубови во сениорска конкуренција и во другите возрасни категории беа прогласени најуспешните. Така, за најуспешен клуб кај пионерите и пионерките е прогласен ЏК Пролетер од Прилеп, а кај кадетите ЏК Баликешир од Турција. Кај кадетките најуспешен клуб беше Анкара од Турција.

„Импресивни борби прикажаа Хамза Јашари со освоено злато кај пионерите и сребро, односно бронза кај кадетите и сениорите, како и Берна Шерифовска со злато кај кадетките и сребро кај сениорките“, вели организаторот на турнирот Игор Паскоски од Миоки.

Pobednik na mioki open 2015

Берн Шерифовска доби пехар и парична награда за најуспешен џудист од Mакедонија за 2015.

Севкупен победник на натпреварот по број на освоени бодови е прогласена екипата на домаќинот Миоки со освоени вкупно 7 златни, 9 сребрени и 13 бронзени медали.

Pobednicka na Mioki open 2015

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО