Нокаутер кој го загрозува Мајк Тајсон по брзината на нокаутирање

Светскиот бокс во минатото имаше многу боксери кои во рингот победуваа со брутални нокаути, меѓутоа најзапаметен остана Американецот Мајк Тајсон. Но, тоа најверојатно нема да биде за долго, бидејќи во Бруклин се појави момче под име Едгар Берналга. Овој 23 – годишен боксер навистина е страв и трепет за противниците во рингот. Сите досегашни борби, а ги имаше 16, ги заврши со нокаут уште во првата рунда.

Американскиот боксер со потекло од Порторико, го воодушеви и познатиот промотор Боб Арум, кој тврди дека подобар удар во рингот нема видено уште од времето на Мајк Тајсон.

„Едгар Берлналга е најголемиот феномен кој сум го видел по Мајк Тајсон. Се шокирав кога ја видов таа неверојатна сила во неговиот удар“, изјави Боб Арум.

Берналга од друга страна тврди дека нема никаква тајна во неговиот удар, освен напорна работа.

„Тајната е едноставна – напорна работа и ништо друго. Дисциплината и посветеноста се најважни во овој спорт“, откри малдиот талент за кого светот допрва ќе слушне.

„Имав силни удари од самиот почеток, но не знаев какао да ги искористам како аматер. Не сакав да ги повредувам луѓето и го немав убиствениот инстикт кој го имам сега. Пораснав и поинаку размислувам. Сега сум чудовиште и убиец. Научива да живеам со тоа, а сите големи боксери го имале тоа во себе“, заврши 23 – годишникот кој се бори во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО