Нокаут, ама каков: Полуда завршница на борба немате видено, ГАРАНТИРАМЕ! (ВИДЕО)

Lud nokaut Nov Zeland

Еден минатогодишен боречки настан од Нов Зеланд ни донесе невиден, неверојатен и веројатно најчудниот нокаут кој некогаш сте го виделе.

Во рингот Whawhai boks и ММА настан се најдоа и двајца кикбоксери, а еден од нив претрпе тежок нокаут по комбинација на удари со десницата, и „висок удар“. Ќе речеме ништо чудно, ништо ново, такви работи секојдневно ги гледаме на бројни настани во целиот свет. Сепак, она што ја прави оваа приказна необична е реакцијата на борецот за кој на прв поглед помисливме дека долго време ќе лежи неподвижен на подот од рингот.

Момчето, чие име не успеавме да го дознаеме, од тешкиот нокдаун изненадувачки брзо се крена, потоа повторно падна и пак да заврши на нозе и да ја слави „победата“. Изгледа дека целата ситуација успеа и да ја прокоментира со судијата, со чија одлука не се согласи, а онака лут и разочаран одлучи да го напушти рингот, но ниту тоа не му тргна од рака, бидејќи се сопна од јажето на рингот  и прописно тресна на подот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО