НК Битола втор во вкупниот пласман на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2019“

Нинџицу клубот Битола, односно Паунд фор паунд (како што беше пријавен) е второпласирана екипа во севкупниот пласман на Меѓународниот џиу џицу тирнир „Скопје опен 2019“во Скопје во конкуренција на 19 тимови од повеќе држави. Натпреварувачите на НК Битола освоија 19 медали.
На турнирот учествуваа 220 борци, од 20 клуба, од осум држави. Најдобар клуб во генерален пласман е Џиуџицу-клубот Централ полис клуб од Бургас, Бугарија, второпласиран е Паунд фор паунд од Битола, а на третата позиција заврши црногорскиот клуб „Будва“.

Најдобар во машка конкуренција турнирот е Лука Трниниќ од Будва, а како најдобар женски борец Катерина Ацевска, која забележа четири победи во исто толку борби, од кои три со фул ипони и една службено. 

Освоојувачи на медали во сениорска конкуренција се:  Филип Божиновски, Мирко Додевски, Игор Додевски, Бојан Деспотовски, Филип Кашовски, Јовче Грчески, Андреј Цветков, Ивица Шулевски, Кире Огњанов и Трајче Мицевски, Бојан Милевски и Дамјан Стојчевски во јуниорска конкуренција.

Кај децата со медали се закитија:  Маријана Јоноска, Дарко Ташовски, Константин Гацовски, Никола Деребанов и Игор Стојановски со златни, Кристијан Секуловски и Андреа Талевскисо сребрени

Сите се натпреваруиваа само во една дисциплината „не ваза“

„Доколку имавме пријавно барем пет борци и во другите две дисциплини, големи беа шансите да бидеме првопласирана екипа. Во секој случај, добро спортско натпреварување, на кое млади борци учат многу работи и стекнуваат искутво за поголеми натпреваруања“, вели Мирчевски.

„Одлично спортско дружење, добри борби и техники демонстрирани од нашите шампиони, многу поуки и лекции научени на овај турнир. И, секако, продолжуваме напред…до нови успеси“, порача тренерот Сашко Мирчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON