Ниш -трета станица на „Големиот балкански карате семинар“

Големиот балкански карате семинар утре ја почнува третата етапа од втората сезона во трета држава. Ниш утре и во сабота ќе биде домаќин на третиот семинар на кој ќе учествуваат каратисти од Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора.

Совите вештини и знаеења на учесниците на семинарот и ги пренесуваат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан, а сенсеи Ранко Вукотиќ (5 дан) од Црна Гора.

Големиот балкански карате семинар е со заложба – пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана.

Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец.

Годинава семинарот почна во Софија на 22 и 23 март, па следеше Скопје – Македонија 12 и 13 април, продолжува во Ниш – Србија 7 и 8 јуни и Будва – Црна Гора  20–23 јуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО