Николовски: Повеќе спортски федерации „под лупа” по добиените претставки за нивната работа

Сериозни сомнежи и индиции за манипулации и трошење на средства на граѓаните и на државата за неколку спортски федерации се пријавени преку претставки за кои денеска информираше вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, на заедничката прес-конференција со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Како што изјави Николовски, се работи за претставки за работата на Боречката и Скијачката федерација, а тоа охрабрило пријави и за други федерации помеѓу кои и Автомобилската и Пинг-понг федерацијата.

„Тоа е уште еден голем успех, со тоа што граѓаните, и оние кои што имаат информации, поттикнати од постапувањето, не од непостапувањето, и од праќањето на пораките дека нема селективност, и нема неказнивост, во сите овие случаи, се охрабрени и стигнаа уште претставки кои што ќе бидат препратени или се веќе препратени“, информираше Николоски.

Дополни дека за претставките за првите федерации за кои што алармирале, во Агенцијата за млади и спорт веќе има соодветни постапки, а очекуваат и Обвинителството и останатите истражни органи да дејствуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО