Николовски нуди компромис за Собрание поради Чифлиганец за 20 август, Глигоров – нема одлагање!

borenje kiro ristov turnir

„За да нема разединетост и во договор со кандидатот за претседател, Ванчо Чифлиганец, се договоривме за компромисно решение, вонредното Собрание да се одржи на 20 август“, изјави за ipon.mk претсдеателот на федерацијат за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, што, според него е компромисно решение, однонсо да не биде ниту на 7 октомври ниту на 13 август.

Членот на Иницијативниот одбор за одржување на вонредно Собрание, Страшо Глигоров, вели дека тоа се измислици на Николовски.

„Собранието ќе се одржи во четврток на 13 август. Нема никакво одложување“, беше категоричен Глигоров.

Тој не сака да зборува за тоа  дали имале контакти со Чифлиганец, иако членови на Иницијативниот одбор нагласуваат дека и тие контактирале со поранешниот претседател на ФБСМ и успешен бизнисмен.

Глигоров ги отфрла тврдењата на Николовски дека ФБСМ може да биде суспендирана од ОБС, затоа што се е според законските одредби.

Инаку, Ванчо Чифлиганец беше претседател на ФБСМ во периодот 1993-1999 година, кога Македонија постигна неколку значајни резултати со борачите, а БК Бучим Јака го постигна и најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт, освои европска и светска титула (1995-96 година). Значи, на чело на ФБСМ би требало да дојде најуспешниот претседател, кој е прифатлив за сите боречки клубови. Со неговото доаѓањеза претседател на ФБСМ, треба да се очекуваат и подобри резултати на македонското борење и спорт.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО