Никола Ангеловски го совлада светскиот првак на „Германија опен“ (ФОТО)

Никола Ангеловски го  освои петото место на Меѓународниот циу цица турнир „Германија опен“ во Глезенкирхен. На Никола, која настапува за екипата на Ханау од Германија, му „избега“ медалот поради техничка дисквалификација во петиот меч.

Ангеловски старуваше силно совладувајќи светскиот шампион од Франција со 14-0, втората ја губи со два поени разлика од Холанѓанец, на што влијаеше и малата повреда. Потоа Ангеловски ги победува натпреварувачите од Германија (Хамбург) и од Данска.

Ангеловски е задоволен од настапот и пласманот бидејќи имаше 26 натпреварувачи во неговата категорија и ова е подготвка за Европското првенство на 29 октомври во Букурешт, Романија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО